Девет фирми годинава добија дозвола за откуп на тутун, кој, според Законот за тутун, треба да почне најдоцна до 15 декември. Тие треба да откупат околу 25.000 тони тутун, според договорите со тутунопроизводителите. Од Министерството за земјоделство информираат дека била одржана средба со откупувачите и тутунарите заради откуп и на дополнителни 4.000 до 5.000 тони тутун. Министерството ги презема сите потребни мерки за успешен почеток на откупот на тутунот од годинешната реколта. Состојбата се следи уште пред почетокот на производството, откога се одржани и неколку состаноци и со откупувачите и со тутунарите, соопштуваат од Министерството. Оттаму посочуваат дека навреме се исплатени и субвенциите за тутунарите.
Девет фирми годинава добија дозвола за откуп на тутун, кој, според Законот за тутун, треба да почне најдоцна до 15 декември. Тие треба да откупат околу 25.000 тони тутун, според договорите со тутунопроизводителите.
Од Министерството за земјоделство информираат дека била одржана средба со откупувачите и тутунарите заради откуп и на дополнителни 4.000 до 5.000 тони тутун.
„Министерството ги презема сите потребни мерки за успешен почеток на откупот на тутунот од годинешната реколта. Состојбата се следи уште пред почетокот на производството, откога се одржани и неколку состаноци и со откупувачите и со тутунарите“, соопштуваат од Министерството. Оттаму посочуваат дека навреме се исплатени и субвенциите за тутунарите.